25.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Се појави видео од директор на Ал-Наср: Дадов 200 милиони за Роналдо, а тој знае да вика само „сиу“ (Видео)

Кристијано Роналдо не ја започна на најдобар начин одисејата во саудискиот тим Ал-Наср, неговиот тим загуби со 3:1 од Ал-Итихад во полуфиналето од Суперкупот, по што се најде на удар на челниците на тимот.

Тренерот на Ал-Наср, Руди Гарсија, го посочи Роналдо како виновник за поразот бидејќи промашил шанса во првото полувреме која, според него, би го променила текот на натпреварот, а вчера на социјалните мрежи се појави и видео во кое наводно е еден од директорите на тимот.

Тој во видеото го имитира прославувањето на головите на Роналдо и притоа приговара: Потрошив 200 милиони на Роналдо, а тој знае да каже само „сиу“.

https://www.tiktok.com/@dalu_cajamarca/video/7193268357116759301

 

- Оглас -

Најнови вести