На подготовките пред стартот на новата сезона во НБА лигата, во таборот на актуелниот шампион Голден Стејт вориорс, пред неколку дојде до тепачка во која настрада Џордан Пул, а денеска на социјалните мрежи се појави видео од инцидентот на тренингот.
На видеото се гледа како Дрејмонд Грин прво му се внесе во лице на Џордан Пул, по што бекот го оттурна соиграчот. Грин на тоа реагираше така што буквално со еден удар во нокаутира Пул.
TMZ obtained the video of the altercation between Draymond Green and Jordan Poole at practice https://t.co/55rMnBqAVG pic.twitter.com/k02BGsBo8G
— philip lewis (@Phil_Lewis_) October 7, 2022
Несреќниот кошаркар накратко останал без свест, а поголем инцидент спречија соиграчите кои дотрчаа и ги раздвоија играчите. Челниците на Голден Стејт објавија дека Грин се извинил за инцидентот и ќе ја прифати секоја казна што ќе му биде доделена.
НБА лигата објави дека размислува како да го казни Грин, дали тоа да биде голема парична казна или да го суспендира.