Се појави загрижувачка аудиоснимка од Новак Ѓоковиќ: Брату, сега сум слободен, но не се знае утре што ќе биде (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ барем засега е слободен човек во Австралија по голготата што ја преживуваше изминатава недела.

Најдобриот српски рекет тренира и се подготвува за Отвореното првенство на Австралија додека ја чека конечната одлука од министерот за имиграција, Алекс Хок.

Во меѓувреме, на интернет се појави аудиоснимка од Новак кој му соопштува на својот брат дека е слободен и дека не се знае што го очекува понатаму.

Но, покрај неизвесноста, загрижувачки е и тонот на Новак, кој делува преморено од сето ова и се смета дека тоа може да му влијае на настапот на првиот гренслем.

„Брате, пуштен сум, еве ме во куќата засега и сè е океј. Објавувам кратко соопштение и од теренот, играв и тенис и тоа е тоа. Засега сум слободен човек, но ќе видиме што ќе донесе утрешниот ден“, вели Новак.

Тој во моментов се наоѓа во куќата којашто ја изнајми пред доаѓањето, каде што ќе се подготвува за претстојниот гренслем-турнир.

 

- Оглас -

Најнови вести