Се појавија „докази“ дека Јамал е постар отколку што покажуваат документите (Фото)

Фудбалскиот свет е воодушевен, но и зачуден од игрите кои ги прикажува Ламин Јамал од Барселона, едно момче кое уште нема ни 18 години, барем така велат официјалните документи со кои е пријавен.

Јамал е роден на 13-ти јули 2007 година што значи дека за нешто повеќе од два месеци ќе стане полнолетен и ќе наполни 18 години. Во моментов тој е еден од најдобрите фудбалери на светот, не се памети некој на негова возраст да бил толку добар, а сомнежите дека Јамал е постар од тоа што се прикажува, се разгореа после една објава на социјалните мрежи.

Фејсбук страница посветена на Барселона, во септември 2021 година има објавено дека нивен најголем напаѓачки талент е Мароканецот Јамал кој има 15 години.

Ако Јамал е роден во јули 2007, тогаш во септември 2021 имал 14 години и два месеци, а не 15 години. Ако во 2021 навистина имал 15 години, тогаш значи дека е роден во 2006, а не во 2007 година.

- Оглас -

Најнови вести