Македонските навивачи ја полнат трибината предвидена за гостински навивачи на „Ренцо Барбера“, а срцата ќе чукаат за голем подвиг и сензација против Италија вечерва во Палермо од 20.45 часот.
Аѕурите се фаворити, тие се актуелни европски прваци и четирикратни светски шампиони, но се игра нокаут-меч или бараж што може да донесе изненадување на кое се надеваат сите чие срце чука за Македонија.
Ако ја победиме Италија, следува пат во Порто или Коња на 29 март и завршен бараж-дуел за настап на Мундијалот во Катар, против Португалија или Турција.