Сè помалку адути за Австрија и Израел – Не играат и Тричковски, Алиоски, Спироски…

Иван Тричковски, Езџан Алиоски и Стефан Спировски се повредени и нема да играат против Австрија и Израел за македонската фудбалска репрезентација во финалните два меча од квалификациите за ЕП 2020 година.

Ова се само дополнителни проблеми со и онака долгата листа на повредени и суспендирани играчи, кои се стандардни во репрезентацијата.

Од претходно се знаеше дека право на настап поради картони против Австрија немаат Илија Несторовски, Бобан Николов и Висар Муслиу, отпаднаа поради повреди и Аријан Адеми, Марјан Радески, Ѓорѓи Стоилов и Љупче Дориев, па списокот само се дополнува со нови играчи.

Селекторот Игор Ангеловски го повика Тихомир Костадинов, кој е нов дебитант во нашата селекција за дуелите во Виена со Австрија на 16-ти ноември и против Израел три дена подоцна во Скопје.

Денеска точно напладне е собирот на репрезентативците за дуелот со Австрија, а неизвесен е и настапот на Дарко Велкоски.

- Оглас -

Најнови вести