Се помири со играње во Лига Европа: Роналдо го испофали новиот менаџер на Јунајтед!

Кристијано Роналдо даде интервју за сајтот на Манчестер јунајтед, и искажа пофални зборови за новиот менаџер Ерик Тен Хаг. Холанѓанецот рече дека од Роналдо зависи дали ќе остане во клубот, а изгледа и Португалецот би продолжил на „Олд Трафорд“, иако нема да му биде мило што нема да биде дел од Лигата на шампионите.

„Знам дека тој направи фантастична работа за Ајакс, знам дека е искусен тренер, мора да му се даде време. Се надевам дека ќе имаме успех. Среќни сме и возбудени, не само како играчи, туку и како навивачи. Му посакувам се најдобро, да веруваме дека следната сезона ќе освојуваме трофеи“ – вели Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести