Женската фудбалска ѕвезда Алекс Морган, за првпат стана мајка, и роди девојче кое ќе се вика Чарли Елена. Морган која е главен голгетер на светскиот првак, репрезентацијата на САД, во брак е со Сервандо Караско, кој истотака е фудбалер и во сезомата 2018/2019 играше за Лос Анџелес галакси.
Морган се пофали дека завчера станала мајка, и на новиот член на семејството му дале необично име.
Селектор на САД е нашиот Влатко Андоновски, па сигурно посакува Морган што побрзо да се врати на фудбаскиот терен и да им помогне во потерата по нови трофеи. Морган најавуваше дека сака да игра на Олимписките игри во Токио, па веројатно таа е една од најсреќните што Игрите се одложени за следното лето, кога фудбалерката сигурно ќе биде во олимпискиот состав на САД.