Се посрамоти за сите пари: Сакаше да го глуми Жоржињо, па го шутна најлошиот пенал за оваа година (ВИДЕО)

Иако се поминати само три дена од новата година, веќе го имаме главниот фаворит за освојување на наградата за најлошо шутнат пенал.

Секако, ваква награда не постои, но ако постоеше, без сомнение, треба да му се даде на Елиот Симое од Нанси.

Овој играч на вчерашната средба од Купот на Франија против Рен сакаше да го глуми Жоржињо и да ја ископира неговата техника со потскокнување.

Симое се посрамоти, а топката заврши еден метар од рамките на голот. За негова среќа, Нанси се пласира во наредната фаза во Купот.

Тешко дека по вакво промашување Симое ќе биде оставен во листата на пеналџии во тимот.

- Оглас -

Најнови вести