10.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Се потврдија стравовите во Реал, Милитао 3-4 месеци во аут!

Реал Мадрид официјално ја потврди сериозноста на повредата на Бразилецот Едер Милитао: кинење на бицепс-феморисниот мускул на левата нога со зафатеност на проксималната тетива. Ова значи пауза од минимум три месеци, може да бидат и четири, во зависност од тоа како ќе оди рехабилитацијата.

Бразилскиот централен дефанзивец беше принуден да го напушти теренот синоќа во 24-тата минута против Селта. 

Милитао би можел да биде надвор од терените до април, практично до пред крајот на сезоната и тоа е тежок удар за Реал Мадрид бидејќи Милитао беше во најдобра форма од сите дефанзивци.

Откако ги надмина двете повреди на предните вкрстени лигаменти во последните две години, тој ја врати својата почетна позиција и стана дефанзивен столб на тимот. 

Закрепнувањето ќе биде бавно и ќе бара трпение, дисциплина и самодоверба. Но, Милитао веќе покажа дека има сила да се соочи и да ги преброди неволјите.

- Оглас -

Најнови вести