Реномираниот спорстки информатор И-Ес-Пи-Ен според своите извори тврди дека сè повеќе фудбалери од Премиер лигата се против продолжување на сезоната додека трае пандемијата. Откако се најавија последните чекори за рестарт на англискиот шампионат по привремениот прекин кој трае од 13 март, овој медиум тврди дека на играчите не им се допаѓа идејата да играат затоа што на тој начин не би се придржувале до мерките за социјална дистанца.
Одборот на Премиер лигата во петок ќе одржи состанок со преставниците на клубовите на кој треба да се потврди датумот за продолжување на сезоната, а најавено е дека со натпреварување ќе почнат од 8 јуни. Засега Англичаните немаат спроведено протокол за враќање на клупските обврски како што тоа го направија во Германија и Италија, но има тимови кои веќе ги отворија спортските центри и веќе имаат тренинг-сесии.
Од сезоната останаа уште девет кола, на лидерот Ливерпул му се потребни две победи за официјално да биде прогласен за шампион.