Се повлече фудбалер кој во 2014 со Германија стана светски првак

Дефанзивецот Бенедикт Хеведес реши да стави крај на својата играчка кариера. Овој 32-годишен германски фудбалер се повлече откако минатиот месец го раскина договорот со Локомотив Москва. Најголем дел од кариерата го мина во Шалке 04, а пред две сезони беше позајмен во Јувентус.

„Имав понуди од клубови од Германија и странство, но не сакав веќе да зависам од одлуките на други луѓе. Решив да ставам крај. Неодамна бев со сопругата и децата во јужна Франција и многу подобро си го запознав малиот син. Тогаш сфатив дека фудбалот за мене веќе нема значење“ – вели Хеведес.

За репрезентацијата на Германија тој одигра 44 меча, на кои даде два гола. Во 2014 година на СП во Бразил, стана светски првак и беше стартер во финалето на „Маракана“ против Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести