10.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Се повлече и Реал Мадрид, Суперлигата и офцијално е „мртва“!

УЕФА и Реал Мадрид постигнаа договор за завршување на нивната горчлива правна битка околу неуспешниот проект за Европската суперлига, објавија во среда шпанскиот клуб и управното тело на европскиот фудбал.

По месеци преговори, постигнат е принципиелен договор насочен кон промовирање на благосостојбата на европскиот клупски фудбал, објави „Ројтерс“.

Од УЕФА, Европската клупска асоцијација (ЕКА) и шпанскиот гигант објавија дека постигнале „принципиелен договор“ кој ќе ги почитува спортските вредности.

„Овој принципиелен договор ќе послужи и за решавање на нивните правни спорови во врска со Европската суперлига откако овие принципи ќе бидат имплементирани“, соопштија УЕФА и Реал Мадрид во заедничко соопштение.

Во 2021 година, Реал Мадрид беше еден од 12-те европски клубови што ја прифатија идејата за формирање ново натпреварување. Сепак, УЕФА успеа да го одбие овој „напад“. Најпрво од идејата се повлекоа шесте англиски екипи, а потоа се откажуваа и останатите екипи кои првично најавија излегување од УЕФА натпреварувањата.

УЕФА реши да ги реформира своите натпреварувања, па Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига веќе две години се играат во различен формат од тој кој се користеше претходно со години.

Барселона беше претпоследниот тим кој официјално се повлече од проектот на Европската суперлига минатата недела, оставајќи го Реал Мадрид како единствен преостанат застапник на натпреварувањето.

Организаторите се обидоа да ја оживеат идејата во декември 2023 година со нов концепт, Unify League, кој би вклучувал 96 клуба поделени во четири лиги. Сепак, ниту тој обид не успеа да добие значителна поддршка, соочувајќи се со силен отпор од големите лиги како што се Ла Лига и Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести