Се повреди големиот талент на Австрија што го бара Манчестер јунајтед, неизвесен му е настапот против Македонија на ЕП (Видео)

Левото крило на австриската фудбалска репрезентација, Криштоф Баумгартнер имаше голем пех и се повреди на тренинг на Хофенхајм, па неговото учество на Европското првенство е неизвесно.

Баумгартнер е трет стрелец на Бундеслигашот оваа сезона со шест гола и патем има и три асистенции за Хофенхајм, но го повреди скочниот зглоб и ќе ги пропушти последните два меча со Арминија Билефелд и против Херта.

Криштоф има 21 година и е еден од најголемите таленти на австрискиот фудбал, а со оваа селекција Македонија ќе дебитира на големите натпреварувања, овојпат на ЕП и тоа со натпревар на 13. јуни во Букурешт.

„Мојот сон е да играм за Австрија на Европското првенство и ќе дадам се од себе да ја санирам повредата дотогаш“, изјави Баумгартнер.

Го нарекуваат новиот Хаверц, за него е заинтересиран Манчестер јунајтед, а има одиграно 7 натпревари за А селекцијата на Австрија со три постигнати голови. Беше стандарден во селекцијата на последните настапи и на него сериозно за ЕП смета селекторот Франко Фода.

Баумгартнер има играно за Австрија против Македонија, но во конкуренција на млади селекции до 21 година.

Беше стартер и еден од најдобрите играчи на теренот во Скопје кога Австријците победија со 4:0 на 14. ноември 2017 година и тоа му беше вториот меч за националната селекција за играчи до 21 година.

 

ФОТО: Петр Стојановски

 

- Оглас -

Најнови вести