Се повреди и Лукас Васкес, Реал М. комплетно без одбрана на мегдан против Манчестер сити

Нема крај на проблемите за Реал Мадрид кога се работи за повредени фудбалери. Последен во листата на повредени се најде Лукас Васкес. Играчот кој синоќа ја носеше капитенската лента на дербито против Атлетико Мадрид, во 81 минута беше заменет, а на негово место влезе Лука Модриќ.

По завршување на мечот, Васкес замина на дополнителни лекарски прегледи каде беше потврдено дека има мускулна повреда и треба да мирува во следните две-три недели.

Долга е листата на повредени играчи на Реал посебно во дефанзивниот ред, а Кралскиот клуб веќе в вторник (11 февруари) го чека голем предизвик, дуел против Манчестер сити во нокаут фазата од Лигата на шампиони. Покрај Васкес, повредени се и Карвахал, Милитао, Рудигер и Алба.

- Оглас -

Најнови вести