Се повреди играч на Реал кој утре требаше да биде стартер

Таман почнаа да се комплетираат и повредените да се враќаат на терен, во Реал Мадрид нова повреда, овојпат на еден од резервистите.

На денешниот тренинг се повредил Лукас Васкес, и сега му претстои пауза од околу три недели, што значи дека нема да игра на Суперкупот. Васкес е резерва на Даниел Карвахал, а утре во куп мечот против нисколигашот Арандина требаше да биде стартер, па му ги поремети плановите на Карло Анчелоти.

Освен Васкес, ќе ги нема ни Крос, Чуамени, Менди и Винисиус, како ни Куртоа, Милитао и Алаба кои имаат потешки повреди.

- Оглас -

Најнови вести