Се повреди играч на Реал кој вечерва требаше да биде стартер

Реал Мадрид на вечерашното гостување кај Брага од Лигата на шампионите ќе треба да игра без Едуардо Камавинга.

Французинот ја повреди десната нога на синоќешниот тренинг и шпанските медиуми пишуваат дека тој е отпишан за вечерва. Во моментов не се знае за каква повреда станува збор, но ова се лоши вести за Карло Анчелоти само на четири дена пред гостувањето кај Барселона бидејќи Камавинга е играч кој речиси секогаш е стартер и игра и во среден ред, по потреба и како лев бек.

Ова значи дека најверојатно вечерва ќе има место на Лука Модриќ во почетните 11.

- Оглас -

Најнови вести