Францускиот играч за врска на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, има повреда на мускулот во левата нога и ќе паузира три недели.
Чуамени е незаменлив за тренерот Чаби Алонсо, беше стартер на 15 од 16-те натпревари на Реал сезонава. Против Ливерпул одигра цел меч без знаци на повреда.
Оваа повреда доаѓа непосредно пред репрезентативната пауза, па за Кралскиот клуб и нема некоја преголема штета бидејќи во следните три недели ќе одигра само два меча во Ла Лига, против Рајо в недела и потоа на 23 со Елче исто така на гости. Чуамени би можело да се врати за гостувањето кај Олимпијакос на 26 ноември или кај Жирона на крајот на месецов.

