Реал Мадрид би можело да ја ангажира една од најголемите желби веќе следното лето, Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.
Преговорите меѓу Дејвис и германскиот шампион за новиот договор се во ќорсокак бидејќи управата на Баерн не сака да му ја исполни желбата на канадскиот репрезентативец.
Дејвис за да потпише нов договор со Баерн бара годишна нето-плата од најмалку 10 милиони евра, но челниците на германскиот тим не се подготвени да му ја исполнат желбата. Актуелниот договор на Канаѓанецот со германскиот тим е до 2024 година.
Доколку не дојде до договор, се очекува Реал Мадрид да ја искористи оваа шанса и да го ангажира Дејвис, кој би бил идеално и долгорочно решение за левата бековска позиција.
Баерн веќе еднаш се најде во ваква ситуација кога не сакаше да му ја зголеми платата на Давид Алаба и бесплатно го загуби австрискиот репрезентативец, кој потпиша токму за Реал Мадрид.