Галевски е гаранција за победа на пенали, Македонија го совлада Бразил

Младата репрезентација на Македонија се извлече против Бразил и победи по изведување на седмерци, а овој триумф значи дека на последниот меч на Светското првенство ќе разигруваме за 25-то место (на СП играат 32 селекции) против Бахреин или САД.

Тимот на селекторот Раде Стојановиќ водеше по првото полувреме со три гола разлика, но потфрли во вториот дел, а на крајот од регуларниот дел се спаси од пораз, бидејќи изедначивме на 9 секунди до крајот за конечни 34-34, па пеналите решаваа околу победникот.

Најефикасен беше Калајџиески со 9 голови, Узунчев даде 8, добри беа и Белистијановски со 6, Карасманакис со 5.

Јунак на Црвено-жолтите во пенал рулетот беше Иван Галевски кој ги одбрани седмерците на Бразилците во третата и петтата серија, и ја однесе Македонија во разигрување за 25-то место.

 

- Оглас -

Најнови вести