Ерата на Новак Ѓоковиќ во светскиот тенис полека завршува. Самиот Ѓоковиќ призна дека многу тешко ќе може да стигне до уште некој трофеј, посебно на гренд-слем турнирите каде се игра во три добиени сета.
Моментално приматот на најдобри тенисери во светот го имаат Јаник Синер и Карлос Алкараз. Овие двајца тенисери ги освоија трофеите на последните седум гренд-слем турнири и покажуваат дека во иднина ќе може опасно да ги загрозат достигнувањата на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Интересно е дека прославениот австралијски тенисер Лук Севил најде ново име на играч кој може и да ги засени дури и Синер и Алкараз.
„Сите во Жоао Фонсека гледаат тенисер кој еден ден можеби ќе ги загрози и Синер и Алкараз. Досега Ѓоковиќ беше тенисерот кој можеби ќе може да ги победи, но очигледно дека на 38-годишниот шампион и рекордер по бројот на освоени гренд след титули, полека му доаѓа крајот на кариерата“, анализира Севил, а потоа додава.
„Синер и Алкараз во моментов се светлосни години пред останатите играчи. Мислам дека за две години ќе може да го чекаат предизвикот од Фонсека. Јас пред неколку години очекував некои од Данил Медведев, Александер Зверев или Стефанос Циципас да го преземат светскиот врв, но тоа не го направија. Зверев одигра неколку одлични финалиња, но уште не може да стигне до првиот трофеј на гренд слем турнир“, додава Севил.
Фонсека е бразилски тенисер кој неодамна наполни 18 години, а веќе стигна и до првата АТП титула. Во последните неколку месеци Фонесека има мал пад во формата, но сепак останува фактот дека е еден од најталентираните и од него се очекува многу во иднина.