Се прекинува традиција стара над 100 години: Тур Д’Франс започнува денеска и тоа во друга држава!

Најпознатата велосипедска трка во светот, Тур Д’Франс, започнува денеска. Оваа година има голем новитет, затоа што за прв пат во повеќе од 100 години традиција на оваа трка, стартот нема да биде во Франција.

Тур Д’Франс 2024 ќе започне на северот на Италија и ќе се возат три етапи кај аѕурите. Стартот е на 3.500 метри надморска висина. Преку Фиренца, преку Сан Марино, велосипедистите ќе се симнат на јадранската обала кај Римини. Потоа патеката води од Чесенатика до Болоња, а третата етапа ќе ги поврзе Пјаченца и Торино. Сите три етапи се подолги од 200 километри. Потоа трката ќе продолжи во Франција.

Словенецот тадеј Погачац е прв фаворит за вкупен победник, а најголеми ривали ќе му бидат Јонас Вингегард, Примож Родлиќ и Ремко Евенепол. Победникот на Тур Д’Франс ќе заработи 500.000 евра, што е 20 отсто од вкупниот фонд на трката.

Во последните две сезони Тур Д’Франс го освојуваше Данецот Вингегард, а претходно две победи имаше и Погачац, па не е ни чудно зошто и овојпат тие двајца се на првите две места според квотите за победник.

 

- Оглас -

Најнови вести