ВАР-системот продолжува со сурово поништување на погодоци поради ситуации што со голо око сигурно никој нема да може да ги процени правилно. Последниот случај кога погодок беше поништен само поради неколку милиметри се случи во Португалија.
Визела водеше со 2:1 кај Жил Висенте, кога во 84-тата минута гостите постигнаа трет погодок, што ќе значеше сигурен триумф за нив. Сепак, погодокот беше поништен откако беше утврдено дека гостинскиот играч бил во офсајд-позиција, и тоа само од еден сантиметар.
По оваа одлука, домашните фудбалери добија дополнителен мотив да израмнат, и тоа го направија со погодок во 90-тата минута, па на крајот дуелот заврши 2:2.