Се претерува ли со клаузулите? Купи за 8, продавај за 100 милиони евра

Бенфика ќе го купи 23-годишниот напаѓач на Портимонензе, Бето, за сума од 8 милиони евра, а веднаш како што се најавува ќе му одреди и отштетна клаузула од цели 100 милиони евра, во случај тој да си замине пред истек на договорот што допрва треба да го потпише.

https://twitter.com/PsoccerCOM/status/1387954204162117639?s=20

Норберто Бетункал, или во Португалија попознат само како Бето игра одлично сезонава и постигна 11 гола за Портимонензе во Примеира, па веднаш го привлече вниманието на поголемите клубови.

За него заинтересиран е и Спортинг Лисабон, па трката на двата градски ривали за знагжаман на играчот кој е роден во Лисабон ќе биде интересна.

 

- Оглас -

Најнови вести