Се продава уште еден историски клуб: Заработуваа милијарди од трансфери, а сега немаат пари

Еден од најпознатите европски клубови, португалски Порто бара нови инвеститори. Економската криза која го зафати некогашниот двократен европски првак понуди помал пакет од акциите откако неколку инвеститори покажале интерес.

Порто е атрактивен клуб за приватните фондови и силните компании. За разлика од Њукасл, кој се бори за опстанок во Премиер лигата, а неодамна го купи Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, Порто е клуб кој редовно игра во Лигата на шампионите.

Во последниве 20-тина години, Порто заработи повеќе од една милијарда евра. Првиот голем трансфер го направи во 2000 година, кога за 17 милиони евра го продаде Марио Жардел во Галатасарај. Од поголемите трансфери, Порто ги продаде Џејмс Родригес во Монако за 45 милиони евра, Едер Милитао во Реал Мадрид за 50 милиони евра, Мангала за 45 милиони евра во Манчестер сити…

Последниот голем трансфер го направија во август 2020 година, кога за 40 милиони евра Фабио Силва замина во Вулверхемптон. Од почетокот на пандемијата, Порто пријави загуба од 116 милиони евра, што е премногу за клуб кој не е дел од Топ 5 лигите.

 

- Оглас -

Најнови вести