Се продлабочува соработката помеѓу Европа и Јужна Америка: Светот доби ново клупско натпреварување

Двете најголеми континентални фудбалски организации, УЕФА и КОНМЕБОЛ, објавија дека од оваа сезона се воведува ново натпреварување.

УЕФА-КОНМЕБОЛ Клуб Челинџ е името на натпреварувањето во кое ќе играат победниците на вторите по ранг натпреварувања во Европа и Јужна Америка, Лигата на Европа и Копа Судамерикана.

Првото издание ќе се одржи на 19 јули во Севиља, а ќе се сретнат домашната Севиља, која го освои последното издание на Лигата на Европа, и Индепендиенте дел Вале од Еквадор, кој беше победник на Копа Судамерикана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести