Војќех Шченсни, голманот на Јувентус, им се придружи на повредените Погба и Мекени, меѓутоа неговата повреда не е толку сериозна. Сепак, полскиот чувар на мрежата ќе мора да отсуствува од терените веројатно до крајот на август, што би значело дека ќе ги пропушти првите четири кола од новата сезона во Серија А.
Шченсни нема да брани во премиерното коло против Сасуоло во претстојниот викенд, меѓу диреците треба да се најде Матија Перин. Тоа важи за дуелите против Сампдорија и Специја, односно дербито против Рома на 27 август.