Се прошири болницата во Ливерпул: Пауза од два месеци за Жота

Јирген Клоп никако не може да биде задоволен по добиените резултати околу повредата на Диого Жота. Португалскиот офанзивец се здоби со повреда на коленото во последното коло во Лигата на шампионите против Митјиланд, по што му следува пауза од два месеци.

Еден од најрасположените фудбалери во редовите на англискиот првак ќе мора да отсуствува од обврските во најлошиот можен момент, дефинитивно ќе го пропушти зимскиот дел од сезоната, при тоа нема да игра во неколку клучни натпревари.

Имено, Жота ќе пропушти два натпревари против Тотенхем, дербито против Манчестер јунајтед, како и против Манчестер сити на 6 февруари.

Разочарувачки е што летната аквизиција на Ливерпул приморано ќе отсуствува од плановите на Клоп, ако се знае дека во 17 меча во сите натпреварувања постигна девет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести