Се радуваше кога неговиот тим прими гол, а потоа имаше интересно објаснување (Видео)

Фудбалерот на украинскиот второлигаш Кремин, Виталиј Бојко се најде во центарот на вниманието поради еден негов чуден потег. Бојко се израдува кога неговата екипа прими гол на гостувањето кај Ужгород, поради што е подигната истрага.

На снимката јасно се гледа моментот кога домаќините постигнуваат гол, а Бојко направи потег кој ги збуни неговите соиграчи. По примениот гол, ги подигна рацете во воздух, а потоа се правдаше дека тоа не било знак на радост, туку поради фрустрација.

„Медиумите проценија дека сум серадувал поради примениот гол, но ако ја погледнете целата снимка ќе забележите дека веднаш потоа се налутив. Не бев среќен поради примениот гол. Како некој што патувал 20 часа со автобус, како може да бидете среќни кога некој ќе ви даде гол? Ако го гледате целиот меч, од другата камера се гледа како ги кревам рацете, а потоа со глават мрдам лево-десно, во знак на револт поради примениот гол“, објасни Бојко.

Одборот за етика во украинскиот фудбал подигна истрага поради целиот овој настан, кој е посебно сомнителен, ако се знае дека второлигашот Кремин веќе беше вмешан во истрага со наместени мечеви во сезоната 2019/20.

 

- Оглас -

Најнови вести