Се распаѓа ли новиот тим на Галактичари? Многу ѕвезди, малку „работници“

Арсенал се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите откако го елиминира Реал Мадрид со вкупни 5:1 по двата натпревари. Првиот натпревар на „Емирати“ заврши со победа на Топчиите од 3:0, а вториот одигран синоќа во Мадрид заврши со 1:2. Стрелци за Арсенал во реваншот беа Букајо Сака и Габриел Мартинели, а за Реал Винисиус во 67. минута. Арсенал во полуфиналето ќе игра против ПСЖ.

На Реал сега му останува да се фокусира за освојување на двата трофеи кои му останаа. Во првенството е во мртва трка со Барселона со четири бода заостанување, а на 25 април против истиот противник го игра финалето на Купот. Доколку не ја освојат шампионската титула, Карло Анчелоти речиси сигурно ќе го напушти клубот и тоа ќе биде крај на уште една голема ера за Реал.

Но, по дебаклот против Арсенал, некои медиуми, аналитичари и навивачи се прашуваат дали проектот „новите Галактикос“ може воопшто да успее или ќе бидат погребани од истото како пред 20 години, кога пропадна најгламурозниот тим во историјата.

Шпанските медиуми како клучна причина за неуспехот на Реал оваа сезона ја наведуваат нерамнотежата во тимот. Клубот го има убедливо најдобриот напад во светот со Килијан Мбапе, Џуд Белингем, Родриго и Винисиус Јуниор.

Проблем е тоа што ниту една од нив не е класична деветка. Таа позиција најчесто ја покрива Мбапе, но често излегува за да ја добие топката на крило и длабоко. Голманот Тибо Куртоа го критикуваше изборот на играчи на клубот.

„На крајот на краиштата, тие се тим кој добро се брани, организирани се, вршат добар притисок и тешко се наоѓа простор. Уфрливме многу топки, но оваа година го немаме Хоселу, класичен напаѓач во шеснаесетникот“, изјави белгискиот голман по средбата со Арсенал.

Уште поголем проблем е фактот што Реал често на теренот има четворица играчи на кои одбраната им е само споредна активност, а особено на тој план се критикувани Мбапе и Винисиус.

Ова особено се однесува на дерби-дуелите и важните мечеви во Лигата на шампионите. Реал оваа сезона прими четири и пет гола во двата меча со Барселона. Арсенал му даде три гола, а исто толку постигна и Милан. Реал Мадрид има четири порази на седум кола до крајот, а само еден во целата последна шампионска сезона.

На синоќешниот меч против Арсенал јасен беше и фактот дека фудбалерите на Реал Мадрид на теренот истрчале 7,5 километри помалку од противниците.

- Оглас -

Најнови вести