Се распаѓа ѕвездениот ПСЖ: Магија на Бен Једер, Мпабе од нервоза го соблече дресот (ВИДЕО)

Атмосферата во ПСЖ е сè полоша а доказ за тоа е денешниот пораз од Монако од 3:0 во 29-то коло од Лига 1.

Иако тимот од Париз не би требало да има проблеми да ја врати титулата во Лига 1, сепак со ѕвезди како Лео Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, тоа е мал успех. ПСЖ денеска беше немоќен да му се спротистави на Монако.

Висам Бен Једер (25′, 84′) и Кевин Воланд во 68-та минута погодија за голема радост на тимот од Кнежевството.

А за тоа каква е ситуацијата во ПСЖ, говори немоѓта на Мбапе кој што од нервоза кога го примија првиот гол, го соблече дресот. Првиот гол на Бен Једер беше магичен и со еден допир го совлада Донарума и тоа со фантастичен потег со пета.

Веројатно, по оваа средба Маурицио Покетино ќе добие отказ од раководството на тимот, по серијата бледи настапи. ПСЖ во моментов е првопласиран во Лига 1 со 65 бода и има 15 бодови повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести