36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Се распукаа Топчиите на Арсенал, ќе играат полуфинале со Вилјареал, Манчестер јунајтед против Рома за финале во ЕЛ (Видео)

Арсенал ќе игра против Вилјареал во полуфиналето на Лигата на Европа, а Англија ќе има уште еден учесник во завршницата, Манчестер јунајтед, екипа што ќе игра двомеч за финале против Рома.

Вечерва во реванш-дуелите од четвртфиналето, Арсенал беше најубедлив и ја торпедира Славија во Прага со 4:0, по лондонските 1:1 на првиот меч.

Набрзина само за 360 секунди со три гола од 18-тата до 24-тата минута во првото полувреме Топчиите ги разрешија сите дилеми околу патникот во полуфиналето.

Во продолжението Лаказет го постигна и вториот гол на мечот за убедливи 0:4 во Прага.

https://twitter.com/CompleteSport24/status/1382795533480300545?s=20

Противник ќе им биде Вилјареал, екипа што по вторпат го победи Динамо вечерва на домашен терен со 2:1.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски не успеаја со Динамо да ја анулираат негативата од 0:1 од првиот меч. Алкасер и Морено со голови во првиот дел ги разрешија сите дилеми околу патникот во завршницата, а најубавиот гол на мечот по асистенцијата со петица на Петковиќ го постигна Оршиќ за гостите.

Манчестер јунајтед исто така со две победи и вкупен резултат од 4:0 против Гранада се пласира во полуфиналето. Вечерва Единсон Кавани беше стрелец во шестата минута, а Валјехо си постигна автогол во 90-тата за нова победа од 2:0 на Црвените ѓаволи.

https://twitter.com/MoneyTeamFTWin/status/1382777986609520643?s=20

Најинтересно беше во Рим, каде што Рома успеа да ја одбрани предноста од Амстердам од 2:1 од првиот меч против Ајакс и со реми 1:1 ќе му биде ривал на Манчестер јунајтед на патот до финалето во Гдањск, закажано за 26. мај.

 

- Оглас -

Најнови вести