Се разбуди и Барса – Ја најдоа буквата што фалеше за да се продаваат дресови на Левандовски (Видео)

Барселона на интересен начин се извади за големиот кикс што не им дозволи навреме да печатат дресови со името и презимето на големото засилување Роберт Левандовски.

Им фалеше едно парче од мозаикот, и тоа многу важно, а конечно најдоа решение за дупло В, односно буквата „W“ и веќе почнаа со печатење на новите дресови на популарниот Лева.

Левандовски вчера и официјално беше претставен како нов играч на Барселона, и тоа во Мајами пред една од плажите во американскиот град.

Полјакот пристигна во редовите на шпанскиот гигант од Баерн ова лето за сума од 45 милиони евра, плус можни бонуси од пет милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести