Роџер Федерер стигна до првата победа на финалниот АТП-шампионат совладувајќи го Матео Беретини со 7-6 (7-2), 6-3. Најтрофејниот Гренд слем тенисер се разбуди по поразот од Тим во првото коло, а воедно ја подобри формата во пресрет на важниот дуел против Новак Ѓоковиќ, но и за посакуваниот резултат мораше доста да се помачи.
Италијанецот беше тврд орев за Федерер во првиот сет, кој се одлучи дури во тајбрејк во корист на Швајцарецот. Голема улога одигра и брејкот на Федерер на стартот од вториот сет, што го доведе до позиција да има двојна предност во гемови. Прво се спаси од израмнување, па на 5-3 Федерер имаше две меч-топки и уште еден брејк за победата.
Вечерва во 21 часот се игра вториот меч од групата „Бјорн Борг“, во кој ќе се сретнат непоразените Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим.
https://twitter.com/atptour/status/1194277344074174465