По три разочарувачки резултати, Валенсија дојде до втората победа во шпанското првенство по гостувањето кај Атлетик Билбао. Лилјаците славеа со минимални 1-0 благодарение на погодокот на Денис Черишев во 27-та минута, по одлично изведениот контра-напад кој резултираше со гол по пет точни додавања.
На тој начин Валенсија му го нанесе првиот пораз во Ла Лига на Билбао, па сега Реал Мадрид е единствениот непоразен тим барем до вечерашното дерби против Атлетико на „Ванда Метрополитано“.
Билбао во однос на останатите резултати во седмото коло ќе дознае дали ќе ја задржи четвртата позиција на табелата, додека Валенсија направи исчекор во топ 10, сега се деветти со исто толку бода.
https://www.dailymotion.com/video/x7luvjh