Се разбудија најоспоруваните играчи на Старата дама – Мората постигна голче како на мал фудбал (Видео)

Пауло Дибала и Алваро Мората се разбудија и со по еден погодок му донесоа победа на Јувентус против Салернитана со 2:0.

Двајцата најоспорувани играчи на Старата дама сезонава конечно покажаа дел од својот репертоар, а најтрофејната екипа во Италија лесно ги освои бодовите.

Дибала погоди во 21-вата минута, по асистенцијата на Дејан Кулушевски, а Мората ја потврди победата со голче како на мал фудбал во 70-тата минута.

Победата можеше да биде и поубедлива ако Дибала го реализираше пеналот во последните моменти од мечот.

Верона и Калјари одиграа без голови, а претходно денеска Аталанта ја победи Венеција со 4:0 и Фиорентина славеше со 3:1 против Сампдорија.

 

- Оглас -

Најнови вести