Натан Џонс не е повеќе тренер на Саутемптон и доби отказ по поразот од Вулверхемптон и си замина без ниту една победа на домашен терен во Премиер лигата, што е вистински куриозитет.
Дури 11 различни менаџери на екипите од англиското првенство сезонава освојуваа бод, или три на познатиот „Сент Мери“ стадион на Саутемптон, а меѓу нив не е и Џонс, кој бележеше само порази на домашен терен.
Последен во низа му е вчерашниот од Вулверхемптон со 1:2 по што доби отказ.
Џонс пристигна како кормилар на Светците пред три месеци, односно на 12. ноември лани и го водеше тимот на 14 меча.
Иако потпиша тригодишен договор успеа да се задржи само три месеци, а го остави Саутемптон на последното место во Премиер лигата со 15 бода.