Дербито на колото меѓу Ливерпул и Челзи кое го отвори Хаверц во 21-та минута, се зачини со драма пред самата пауза кога Рис Џејмс некоректно реагираше со рака со цел да спречи гол за домаќините.
ВАР-системот и Ентони Тејлор се согласија дека реакцијата е вредна за директно исклучување бекот на Челзи и најстрога казна во корист на Црвените, па Салах го искористи пеналот да го врати Ливерпул во игра.
Претходно Хаверц на одличен начин со глава го лобуваше Алисон за водство од 1-0 на европскиот првак, кој пак целото второ полувреме ќе мора да се бори со 10 фудбалери за поволен резултат.