Предизвикувачот Џарел Милер се погрижи атмосферата да биде „жешка“ во пресрет на бокс-спектаклот кој на први јуни треба да се одржи во „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк. Милер го турна Ентони Џошуа при првата средба со светскиот првак, додека на пресот налутениот Британец вети дека ќе го нокаутира „големото бебе“ по неговата провокација.
По турканицата, мораше да реагира обезбедувањето и да ги раздови двајцата боксери, а разгорената атмосфера наговестува дека борбата ќе биде вистинско шоу.
https://twitter.com/ODDSbible/status/1097936531073974275
https://twitter.com/SkySportsBoxing/status/1097934851607592961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1097934851607592961&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.dailymail.co.uk%2Fsport%2Fboxing%2Farticle-6722157%2FJarrell-Miller-shoves-Anthony-Joshua-things-heated-press-conference.html