Се размислува за дополнување на правилата во ВАР-системот

Воведувањето на ВАР-системот е најголемата промена во фудбалот што се случила во последните десетина години. ВАР-технологијата овозможува намалување на грешните одлуки на судиите, но сепак уште има неточни одлуки од страна на арбитрите на теренот.

Токму затоа, Меѓународниот борд за правилата на фудбалот (ИФАБ) размислува за воведување измени во правилата за ВАР-системот. Се размислува за две точки. Првата е дали да се дозволи разговорот да биде достапен во живо помеѓу судиите кои се на теренот и тие кои се во ВАР-собата, а вториот е дали ќе може играта да биде прекината во случај на сериозна грешка дури и откако играта ќе продолжи.

Првиот предлог е да може да се слушаат разговорите на судиите за да се има поголема доверба во арбитрите, додека вториот предлог е по ситуацијата која се случи на дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем, кога поради погрешна комуникација на арбитрите, неправедно беше поништен регуларен погодок на Ливерпул. Дури откако голот беше поништен, а играта продолжи, судиите станаа свесни дека направиле грешка, но едноставно играта не смее да се сопре кога веќе е донесена конечна одлука. Во новиот предлог доколку повторно се случи нешто слично, судиите би имале можност да ја поништат неправилната одлука.

Воведувањето на ВАР-системот засега има неколку најважи моменти за кои се користи, а тоа се: да се потврди или поништи погодок, да се утврди идентитет во случај на погрешен фудбалер да му се даде црвен картон и да се види дали имало пенал или не.

- Оглас -

Најнови вести