Се редат непријатни порази на женската репрезентација – Македонија даде гол во првата минута и пак загуби од Луксембург

Македонската женска репрезентација повторно доживеа непријатен пораз од Луксембург, втор од истиот ривал во квалификациите за СП 2023, вечерва на гостински терен со 2:1.

Генјтана Рочи погоди за Македонија во првата минута и најави реванш за поразот во Охрид од 2:3 против Луксембург.

Сепак, брзо се случи комплетен пресврт и со головите на Еми Томпсон, Луксембург водеше со 2:1 по првото полувреме.

Во продолжението немаше голови и Македонија го претрпе седмиот пораз на 8 натпревари во Групата Д од квалификациите за Мундијалот идната година.

На две кола до крајот сме претпоследни со 3 бода, само пред Летонките, кои немаат ниту еден бод.

 

 

- Оглас -

Најнови вести