Се редат признанија за Тричковски – Избран за најдобар фудбалер во Кипар

Иван Тричковски доби убава награда во избор на тренерите на прволигашите во Кипар и тој е најдобриот фудбалер во оваа сезона.

Македонскиот репрезентативец моментно е повреден и не игра за АЕК Ларнака, тим за којшто сезонава постигна 15 погодоци во првенството, а постигна уште 8 во сите мечеви на АЕК во Лигата на Европа.

Со петнаесетката, популарниот Тричко стана најдобар стрелец во историјата на клубот од Ларнака, а беше еден од главните адути во новиот поход на АЕК кон пласман во Лигата на Европа.

Признанието ќе му биде доделено на свеченост во понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести