Продолжија да се редат седмиците во Англија, а ултраефикасниот период со многу голови и во Премиер лигата и во Лига купот продолжи и вечерва.
Во тефтерот со седмици се запиша и актуелниот првак Ливерпул, екипа што лесно и убедливо го победи третолигашот Линколн со 7:2 на гостински терен.
Џердан Шаќири со извонреден гол од слободен удар во деветтата минута ја најави голеадата, а потоа прецизни по двапати беа и Минамино и 19-годишниот Џонс, а по еден погодок за Ливерпул постигнаа и Груиќ и Ориги.
https://twitter.com/FOOTBALLVISION3/status/1309206498543796230?s=20
За Линколн во листата на стрелците се запишаа Едун и Монтсма. Ливерпул ќе игра против Арсенал во следната рунда од Лига купот.
Понатаму оди и Манчестер сити, екипа што продолжи со одбрана на титулата во Лига купот по победата против Борнмут со 2:1. Успешно гостување имаше Астон вила со триумф од 3:0 против Бристол сити.