Се сеќавате ли на оваа фудбалска катастрофа? Одигра само еден меч во Бундеслигата и тој е за историја (Видео)

Маркос Антонио е еден од фудбалерите со најкус стаж во Бундеслигата, а неговото деби во септември 2012 година во најсилното германско првенство сè уште се памети како едно од најлошите во историјата на играта.

Бразилецот доби шанса да биде стартер за Нирнберг, кој тогаш беше прволигаш и играше против Штутгарт, но дебито на Антонио траеше само 16 минути, по двете невидени грешки што ги направи во првиот и единствен меч во Бундеслигата.

Антонио најпрво им подари гол на противниците, откако со невидена леснотија и потполно аматерски се обиде да ја врати топката до својот голман. Додавањето му беше кусо и како на тацна го послужи Ведад Ибишевиќ, а напаѓачот на Штутгарт лесно ја погоди мрежата на Нирнберг.

Потоа Антонио имаше уште едно идентично катастрофално додавање кон голманот на Нирнберг, но, за негова среќа, Рафаел Холзхаузер не погоди во ситуација еден на еден.

Веднаш потоа тренерот на Нирнберг, Дитер Хекинг, немаше избор и само по 16 минути игра на дебито на Антонио, го замени и Бразилецот потоа си замина и одигра само еден меч и веројатно еден од топ-10 најлоши деби-дуели во историјата на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести