Се шегуваат на своја сметка – Урнебесна пародија на Осогово: Еве како игравме во 2019 (Видео)

Осогово имаше слаба полусезона во Втората лига Исток, но барем имаат неверојатно добра служба за комуникација преку социјалните мрежи, што на интересен начин и со многу дух го промовира клубот од Кочани.

И по завршувањето на првиот дел од сезоната, по кој клубот е претпоследен само со шест бода на 14 натпревари, имаа многу сенс да се пошегуваат на своја сметка.

Пародијата е исклучително добра, а како и многупати во 2019 година, луѓето во Осогово задолжени за промоција на клубот на социјалните мрежи покажаа како се работи на ова поле.

Погледнете како играше Осогово во првиот дел од сезоната со фокусот на нивниот „твитер-профил“.

- Оглас -

Најнови вести