Се шири фудбалското семејство, Корејците играат пријателски мечеви како најава за новата сезона

Фудбалското семејство се шири полека, но сигурно, а добра најава има од Јужна Кореа за старт на новиот шампионат.

Корејците денеска го одиграа првиот меч по подолг период во услови на Коронавирус, а иако е пријателски меѓу Сеул и Инчеон, сепак дава оптимизам за кам-бек на прволигашките и на второлигашките терени во Јужна Кореа.

За денеска се закажани уште три пријателски средби на јужнокорејските тимови, кои не играле официјални натпревари од ноември лани.

Јужнокорејците најавија дека ќе ја започнат новата сезона на 8. мај, но терминот се уште не е официјално потврден.

Во моментов машки фудбал во услови на пандемија со Коронавирус играат само Белорусите, Никарагва и Туркенистан, а кај дамите бубамарата се тркала на фудбалските терени во Тајван и во Белорусија.

Најава има дека наскоро првенството ќе продолжи во Таџикистан, каде се играше до 26. април, па потоа се прекина шампионатот со најава дека наскоро ќе продолжи.

Оптимизам за рестарт има и кај Германците, кои најавија дека ќе ја продолжат сезоната во Бундеслигата на 9. мај, но можно е рестартот да се пролонгира за една недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести