11.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Се шири скандал од невидени размери: Повеќе од 1.000 фудбалери се обложувале

Нов фудбалски скандал во Турција. Судот во Истанбул му одреди притвор на претседателот на клубот Ејупспор, Мурат Озкај, како и на седуммина судии обвинети дека влијаеле на конечниот резултат на спортски натпревари.

Освен овие, Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) до дисциплинската комисија проследи имиња дури на 1.204-ица фудбалери поради сомнеж дека се вмешани во обложување. Потегот на федерацијата беше опишан како „превентивен“. Од повеќе од 1.000 играчи под истрага, 27-мина играат во Суперлигата, вклучувајќи двајца од Галатасарај, двајца од Бешикташ и еден од Трабзон. Покрај тоа, 77-мина играчи доаѓаат од втората лига.

Овој случај е директно поврзан со скандалот со обложување во професионалниот турски фудбал, кој беше предмет на интензивна дискусија во изминатиот месец. Како резултат на тоа, 149-мина судии веќе се санкционирани, а повеќе од 40 делегати поднесоа оставки.

Врз основа на истрагата на Турската фудбалска федерација, обвинителството побара притвор за 17-мина судии и еден спортски новинар, додека 11-мина други обвинети се пуштени да се бранат од слобода. Од ТФФ ветија дека ќе продолжат да го искоренуваат проблемот.

Засега ова се прави со апсење на лицата осомничени за вмешаност во скандалот. Судската одлука од понеделник, исто така, ја отвора можноста дека судиите отишле чекор понатаму, директно влијаејќи врз резултатите од натпреварите.

- Оглас -

Најнови вести