Се шпекулира во Англија – Новиот тренер на Челзи ќе ја предводи Украина на ЕП против Македонија

Андриј Шевченко, поранешната ѕвезда на Челзи, е сериозен кандидат за нов тренер на клубот од Лондон ако дојде до смена на Френк Лампард.

Актуелниот селектор на Украина, репрезентација против која ќе играме на Европското првенство на 17 јуни во Букурешт, според англиските медиуми, е топ-кандидат за кормилото на Челзи, заедно со Томас Тухел.

Шевченко играше за Челзи и тој беше омилениот играч на Роман Абрамович, па сосема е можна варијанта тој да го наследи Лампард како тренер на сините од „Стемфорд бриџ“.

Имаше успеси со украинската репрезентација, која се пласираше на ЕП како непоразена во својата група, пред актуелните европски прваци, Португалците.

Шевченко играше за Челзи од 2006 до 2009 година, настапи на 48 натпревари и постигна 9 гола, а со клубот од Лондон успеа да го освои пехарот во Лига купот на Англија во сезоната 2006/07.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести