Се штедат сили за 12 ноември – Полувреме со приспивна приказна во Скопје

Македонија и Грузија прикажаа малку во првите 45 минути од вториот меч во есенската трилогија и го завршија првото полувреме во Скопје без голови.

И домаќините и гостите немаа чисти шанси за гол, со малку удари кон Лорија и Димитриевски. Пеколниот распоред што го имаат двете репрезентации во два циклуси од Лигата на нациите паралелно си го зема данокот, а заморот кај одредени играчи е видлив.

Грузија остана без Отар Китеишвили, кој се повреди уште во седмата минута, па беше заменет со Лобјаниѕе. Тоа е само еден во низата хендикепи кај двете репрезентации, кои имаа многу проблеми и пред мечот со повредени и суспендирани играчи.

Мечот одлучува за првото место во втората група од Сегментот Ц во Лигата на нациите, а двете селекции ќе играат многу поважен меч на 12 ноември во Тбилиси, во финалето на Сегментот Д од премиерното издание на истото натпреварување.

Победникот од тој меч ќе се пласира на Европското првенство идната година и ќе игра во група со Холандија, Украина и Австрија за првпат на големо натпреварување во 30-годишната историја откако и Македонија и Грузија се самостојни држави.

- Оглас -

Најнови вести