Се штеди на сите страни: Се затвора Барса ТВ!

Според пишувањата на каталонските медиуми, официјалната телевизија на Барселона, Барса ТВ ќе биде затворена. Ова е дел од планот на раководството на клубот за кратење на трошоците, а токму медиумскиот дел од каталонскиот гигант е по околу 14 милиони евра годишно во загуба.

Овие средства ќе бидат наменети за носење на нови фудбалери. Сепак, ваквата одлука предизвика гнев кај навивачите, но пред се кај вработените и хонорарците кои се околу 150 на брај и сега остануваат без своите работни позиции.

Солидарност со новинарите и останатиот персонал на неколку протести кои се одржаа до сега изразија и колегите од каталонскиот дневен спортски весник “Ел Мундо Депортиво“, кој на своите страници пишува:

– “Жоан Лапорта со гасењето на Барса ТВ прекинува еден важен канал на комуникација со членовите и навивачите, оневозможува поврзување на каталонците кои живеат низ целиот свет и остава без работа 94 вработени новинари и техничари кои се испотија повеќе од многу играчи кои настапуваа на Ноу Камп во последните години.“

Барса ТВ започна да емитува програма на 24-ти Јули 1999-тата година и зрачеше 24 часа дневно без прекин.

 

- Оглас -

Најнови вести